Здравје

Зошто Амишите живеат 10 години повеќе од просекот?

16. ноември 2017 - 16:07 | А.С.

Истражувањето објавено во „Science Advances“ било спроведено на 177 Амиши на возраст од 18 до 85 години во нивната заедница во Берн, Индијана.

Се покажало дека кај Амишите во САД има ретка генетка мутација што ја објаснува нивната долговечност и според научниците, ова откритие отвора можност за наоѓање терапија за дегенерацијата предизвикана од стареење.

„Ова е прва човечка мутација за која е докажано дека има големо влијание на биолошките промени предизвикани од стареење“, вели професор Даглас Вон, претседател на Медицинскиот факултет при универзитетот Норт Вест.

Истражувањето покажало дека 43 од испитаниците имаат мутација на генот „serpin 1“ што начително го намалува лачењето на протеинот PAI-1, и затоа имаат подобро здравје и живеат најмалку 10 години повеќе од просекот. Очекуваниот животен век во САД моментално е 78,8 години.

Меѓународниот тим научници заклучил дека „метаболичкиот профил“ на Амишите е поздрав и дека се значително помалку подложни на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

Исто така било откриено дека „теломерите“ на нивните антитела се подолги за најмалку 10%.

„Теломерите“ е дел на ДНК-та што се наоѓаат на крајот на секој хромозом и се смалуваат со секоја делба на клетките, придонесувајќи за стареењето.

Амишите се затворена, многу дисциплинирана и конзервативна христијанска заедница со потекло од Швајцарија. Во 18. век групно емигрирале во Америка каде се смета дека денес ги има околу 250.000.

Живеат едноставно, изолирани од другите, се облекуваат скромно, се занимаваат со производство на храна користејќи древни методи, па нивната храна се смета за еколошка и здрава, а исто така одбиваат да користат каква било современа техника и уреди.

Коментирај