Здравје

Зошто имаме непријатен здив наутро?

21. ноември 2017 - 10:10 | М.Д.

Колку устата ни е посува, толку се поголеми шансите нашиот здив да биде непријатен.

Дишењето на уста, 'рчењето и употребата на одредени лекови го зголемуваат лошиот здив, бидејќи дополнително ја сушат устата.

Ова се должи поради слабото создавање на плунка, која инаку служи за чистење на бактериите кои ги предизвикува здивот.

Во некои случаи, зад необично јак и неугоден здив може да се крие и некој здравствен проблем.

Дури некогаш тоа може да биде поврзано со некои срцеви заболувања. Може да станува збор за инфекции или гастроентеролошки проблеми.

За отстранување на непријатниот здив, забите би требало да ги чистите со конец и детално да се мијат со четка за заби пред спиење.

Доколку и понатаму здивот не исчезне, потребно е да се консултира доктор.

Бидејќи на јазикот се собираат најмногу бактерии, препорачливо е чистење со стругалка, во траење од две до три минути.

Сепак, најважно од се е редовна посета на стоматолог.

Коментирај