Наука

Зошто НАСА не може да испрати луѓе на Марс?

17. јули 2017 - 15:28 | А.С.

Вселенската агенција не се откажува од ваквата цел, но Црвената планета во блиска иднина ќе биде недостапна за неа.

„Не можеме да испратиме луѓе на Марс, а причината е буџетот што ни е распределен. Имаме покачување од само 2% што не е доволно“, рече Вилијам Герштенмајер, шеф на мисиите со човечки екипаж.

„Влезот во атмосферата на Марс, патувањето и спуштањето е голем предизвик за нас.“

Леталото Orion и Space Launch System би требало да го овозможат следното слетување, но финализирањето на овие моќни машини е премногу скапо.

Приватните компании како SpaceX и Blue Origin исто така планираат да пратат луѓе на Марс, но не се ограничени со буџет, како што е тоа случај со државната вселенска агенција.

Сепак, НАСА отвора можност за идни мисии на Месечината.

„Ако откриеме дека на Месечината има вода, а планираме сериозни операции што би можеле да го покажат тоа, ќе имаме можност да поддржиме пообемна мисија“, вели Герштенмајер.

Коментирај