Љубов и секс

Зошто ви треба дигитална детоксикација на врската?

9. февруари 2018 - 15:40 | А.С.

Колку време поминувате со партнерот во тишина додека секој од вас скрола по телефонот, таблетот или лаптопот? Сигурно е многу, а не сте ни единствените.

Апликацијата за здрав брак Lasting спроведе истражување на 75.000 брачни двојки и откри дека 79% од испитаниците признале дека технологијата им го одзема вниманието и времето што инаку би им го посветиле на партнерите.

Само 22% од „вљубените птички“ рекле дека се задоволни од тоа колку време поминуваат заедно како двојка, без разлика дали е тоа договорен состанок на кој ќе прават нешто забавно заедно или едноставно ќе излезат на прошетка.

Лесно е да се влезе во секојдневна рутина и да се заборави колку е неопходно вистински да се поминува време насамо со партнерот, далеку од сѐ што го одзема вниманието, за да имате здрава врска. Токму затоа е важна дигиталната детоксикација, исклучување на мобилните телефони и социјалните мрежи, за да се посветите на тоа што го зборува партнерот и да одговорите посветено на неговите мисли и потреби.

На тој начин ќе бидете поблиски и посреќни. Доволно е да си посветите половина час кога ќе се вратите дома без да проверувате мејлови и нотификации и да си кажете како ви поминал денот. Навечер, оставете ги телефоните и лаптопите во друга соба и поминете интимна вечер еден на еден со партнерот.

Коментирај